ТАБЕЛА ОД МАКЕДОНСКА КУГЛАРСКА ЛИГА 2023/24
Плејоф
Регуларен дел
Kлуб | Нат | Поб | Пор | Нер | Бодови | |
---|---|---|---|---|---|---|
МАКПЕТРОЛ - А | 5 | 5 | 0 | 0 | 14 | |
ВАРДАР 2014 | 5 | 1 | 3 | 1 | 6 | |
ГТЦ МУСАНДРА | 5 | 2 | 3 | 0 | 5 | |
МАКПЕТРОЛ - Б | 5 | 1 | 3 | 1 | 5 |
Кугларски клуб | Нат | Поб | Пор | Нер | Поен | Бодови | |
---|---|---|---|---|---|---|---|
МАКПЕТРОЛ - А (м) | 14 | 14 | 0 | 0 | 105 | 28 | |
ВАРДАР 2014 (м) | 14 | 11 | 2 | 1 | 71 | 23 | |
МАКПЕТРОЛ - Б (м) | 14 | 8 | 5 | 1 | 65 | 17 | |
ГТЦ МУСАНДРА (м) | 14 | 8 | 6 | 0 | 61 | 16 | |
ПЕЛИСТЕР 1982 - А (м) | 14 | 7 | 7 | 0 | 61,5 | 14 | |
ПЕЛИСТЕР 1982 - Б (м) | 14 | 3 | 10 | 1 | 39 | 7 | |
ПЕЛИСТЕР ПИН (ж) | 14 | 2 | 12 | 0 | 23,5 | 4 | |
ГТЦ МУСАНДРА (ж) | 14 | 1 | 12 | 1 | 22 | 3 |
МАКЕДОНСКИ КУГЛАРСКИ КЛУБОВИ
Кугларскиот клуб „Макпетрол“ од Скопје е дефинитивно најпрепознатливиот македонски кугларски бренд во Европа. Се работи за најтрофеен клуб составен од репрезентативци и одлични куглари. Во своето богато клупско постоење (од 1977 година), зад нив до 2022 година имаат 21 шампионска титула во македонската кугларска лига, 11 пати победници на Македонскиот КУП додека на меѓународно поле своето најзначајно достигнување им е второто место на NBC Pokal, Augsburg, Германија, 2013 година. Клубот е препознатлив и по организацијата на нивниот турнир „Гаврило Гаврилски“ еден од посилните европски турнири каде што учествувале елитни тимови со што значајно придонесуваат за квалитетната понуда на македонската публика и љубители на кугларскиот спорт.
Кугларскиот клуб „Вардар 2014“ од Скопје е млад (2014 година), но за своето кратко постоење исклучително успешен кугларски клуб. Основан од семејството Димитровски, клубот донесе свежина и динамика во македонската лига. Клубот значително ја засилува македонската сениорска репрезентација со своите најдобри поединци. Најзначајно клупско достигнување до 2022 година им е шампионската титула во 2021 година. Биле освојувачи на Македонскиот КУП 2 пати. Клубот традиционално го организира турнирот „8-ми Септември“ кој е силен меѓународен турнир и значен придонес кон македонската понуда на квалитетна кугларска игра и звучни кугларски имиња.
Кугларскиот клуб „Пелистер 1982“ од Битола е правен наследник на кугларскиот клуб „Хераклеа“ од Битола кој ги обединува сите машки битолски куглари од минатото. Тимот е составен од искусни повозрасни куглари кои одлично се надполнуваат со младите и перспективни играчи, што како еден сублимат говори за незгодна екипа која е тешко победлива на својата куглана во Битола и онаа старата и новата која е ултра модерна и знае да го решава шампионот. Во неколку сезони во македонската кугларска лига е вицешампион, а во последните години предничи и со своите млади куглари. На меѓународна сцена учествува на големите европски купови, но нема некој позначаен успех. Клубот има одлични меѓународни соработки со клубови од балканските земји.
Кугларскиот клуб „ГТЦ – Мусандра“ од Скопје е кугларски клуб кој постои долги години и клуб кој бил расадник на млади таленти. Клубот покрај машката екипа долги години вложува и во својата женска екипа што е огромен придонес кон развојот на македонското женско куглање.
Кугларскиот клуб Пелистер Пин е релативно нов клуб (2019 одина) кој е единствен клуб составен од кугларки. Она што е најбитно за клубот е што е составен од млади кугларки кои низ овој краток период собраа драгоцено искуство натпреварувајќи се со своите машки колеги, а најдобрите поединки ја сочинуваат и македонската женска младинска репрезентација.
МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Бројни настапи во различни временски периоди и различни генерации на куглари и кугларки. Селектори кои дале огромен придонес кон градењето на националните тимови во различни возрасни категории биле Александар Атанасовски (Мац), Менсур Ајдин и Дамир Фучкар.
Македонски најголем екипен успех
Светски вице-шампиони на Светското првенство 2013 во Унгарија
На светското првенство во куглање, 2013 година, одржано во Унгарија, македонската сениорска машка репрезентација го постигна најголемиот успех во историјата на македонското куглање, освојувајќи го второто место.
Македонските куглари во националниот дрес редовно не претставуваат на големите светски првенства
Како ретко во кој друг спорт, македонски најдобри куглари се дел од големите светски првенства, екипни или поединечни. Иако кугларската федерација во последната деценија се соочуваше со сериозни финансиски проблеми, секогаш се наоѓаше начин да пратиме македонски репрезентативци на СП, најчесто теретот го носеа кугларските клубови.
ФЕДЕРАЦИЈАТА НИЗ БРОЈКИ
ЦЕЛИ И ПРИОРИТЕТИ НА МАКЕДОНСКАТА КУГЛАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА
Отворени можности за сите добронамерни љубители на спортот
Кугларската Федерација на С.Македонија се отвора кон пошироката јавност и нуди соработка во повеќе области. Располагаме со млади, едуцирани и амбициозни лица и веруваме дека со вмрежување на нашите потенцијалиможеме да направиме чуда. Доколку се пронаоѓате во нашите приоритети, Ве охрабруваме да ни се придружите.
KUGLARSKA FEDERACIJA NA REPUBLIKA SEVERNA MAKEDONIJA
PIC NUMBER: 890880690
Континуитет на светските првенства
Обезбедување на услови за непречена работа и настап на македонските репрезентативци на светските и европските првенства
Деблокирање
Нормално финансиско работење после децениски финансиски колапс и можност за планирање на активности најмалку 2 години оданпред
Квантитет и квалитет
Носење на што поголем број на млади лица на кугланите низ Македонија и перманенти едукации на македонските кугларски тренери за правилна работа со талентираните спортисти.
Нови куглани и кугларски градови
Време е куглањето конечно да се прошири во поголемите македонски градови и а се овозможи на поголема група на луѓе да се занимаваат со овој племенит спорт.
Подобри услови за македонските куглари и кугларки
Подобрување на третманот кој го имаат македонските куглари и кугларки од страна на надлежните институции и подобро пласирање на нашите активности во пошироката јавност.
Проекти за млади лица
Фокусот во наредните 8 години ќе бидат млади куглари и нова спортска енергија која ќе даде свој белег и ќе се воспитува да живее за овој преубав спорт како што е тоа случај со денешната генерација на куглари и кугларки.
НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ
Македонската машка кугларска репрезентација ја отвори кугланата во Ниш, 2:6 против Србија
Во исклучително пријателска атмосфера, со високи гости од политичкиот живот на Србија, на 13.12.2023 година, беше отворена новата кугланата во градот Ниш, Србија, куглана која
Стефанија Алексовска и Архан Арслановски, државни U23 прваци на Македонија во куглање
Куглана во Битола беше местото каде што се собраа македонските млади куглари до 23 години и ги измерија своите кугларски вештини. Сите натпреварувачи имаа два
Термини за настап, Д.П. U-23
Државното младинско поединечно првенство на Македонија во куглање ќе се одржи на 09 и 10 декември во Битола. Официјален распоред со термини може да се
Термини за квалификации на Државно поединечно првенство во куглање на Македонија
Термини за ДП – квалификации Скопје, прв ден Термини за ДП – квалификации Битола, прв ден Термини за ДП – квалификации Скопје, втор ден Термини
Објавени повиците за државните првенства (сениори, U-23, парови)
По предлог на Натпреварувачката комисија на КФСМ, Извршниот одбор на КФСМ ги одобри следните три повици: Државно поединечно сениорско првенство во куглање Државно сениорско првенство
Второто коло од МКЛ без големи изненадувања
Второто коло од МКЛ помина без некои поголеми изненадувања. Во Мусандра, Макпетрол со 8:0 го совлада ГТЦ Мусандра, во Битола, Пелистер 1982 А беше подобар
КУГЛАРСКИ ПРИЈАТЕЛИ
Вистински пријател е некој кој е тука за Вас, кога никој друг веќе не е