Историјат

Првиот македонски кугларски сојуз е формиран далечната 1972 година што се смета за почеток на македонското куглање. Македонските екипи се натпреварувале во македонската сојузна лига, а најдобриот состав изборил пласман и во најсилната југословенска лига.

Клубовите кои се основоположници на македонското екипно куглање
се:

Металург, Скопје
Вардар, Скопје
Сини, Петровец
ФАС, Скопје
Метропол, Скопје
Работнички, Скопје
Парк, Скопје
22 Декември, Скопје
Пелагонија, Скопје
Алкалоид, Скопје
Макпетрол, Скопје
Металец, Скопје
Електро Скопје
Гранит, Скопје
Графичар, Скопје
Тетекс, Тетово
Борец, Велес
Гоце Радосављевиќ, Битола
ГТЦ, Скопје

Од осамостојувањето на Република Македонија беа формирани и други клубови:

Ремонт на пруги, Скопје
Македонска банка, Скопје
Рафинерија, Скопје
18 Август, Скопје
Тутунски комбинат, Скопје
Макспот, Скопје
Окта, Скопје
ЦЕР, Скопје
Пелистер, Битола
Дебар Маало, Скопје
Инекс Дрим, Струга
Молика, Битола